Патувајте сигурно

Секој патник се грижи за добросостојбата и сигурноста за време на патувањето и престојот во странство.

Една од мноштвото услуги за кои можете да се обратите во Т.А.Амбасадор Мак е ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊЕ И ПРЕСТОЈ ВО СТРАНСТВО на Осигурителна Полиса .

Нашата полиса за патничко осигурување Ви ги овозможува следниве осигурителни покритија ширум светот во реномирани здравствени институции преку услугите:
A. Здравствена помош
Болничко лекување од болести и незгода
Лекарска интервенција
Репатријација
B. Осигурување незгода
C. Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи

Повеќе информации на info@ambasadormak.com.mk
 

  11ти Октомври Сараево - Мостар - Дубровник Посетете ги трите најшармантни балкански градови,  Сараево, Мостар и Дубровник,  во едно патување, по празнична цена од само 111 Евра!   1 ден. Поаѓање во часот од од Струмица со туристички автобус. Патот води на граничниот премин Табановце, преку Србија со попатни одмори до Сараево.Пристигнување во Сараево,панорамски разглед на градот ,слободно време за одмарање.Ноќевање.Факултативна вечера во традиционален Босански ресторан. 2 ден Појадок.Следува разглед на градот со туристички водич: Баш Чаршија(каде се менува, еден по друг отоманскиот, австроунгарскиот и конечно современиот дел од градот), Катедралата “Срце Христово”, Соборната црква Св. Тројца, Беговата џамија, Царевата џамија, зградата на академијата и уметноста, Латинската чуприја. Слободно време за прошетка.Ноќевање. 3 ден Појадок. По појадокот заминување на излет до Мостар. Можност да се видат и посетат: Стариот мост, саат кулата, Караџорџевата џамија, Коски Мехмед-Пашината џамија... Слободно време за прошетка и заминување во Дубровник. Следи разгледување на стариот град, плоштадот Страдун, Тврдината, Катедралата Св.Влах, Дубровничката катедрала, Саат Кулата, културно историски музеј - Кнежев Двор - некогаш седиште на Кнезовите на Дубровачката Република... Патувањето продолжува за Тиват(факултативно забава во диско клуб).Ноќевање. 4 ден. Појадок. Излет  до Манастир “Острог” на Свети Василие Острошки, третото во светот најпосетувано православно светилиште после Ерусалим и Света Гора. Разгледување на Долниот и Горниот Манастир и ковчегот со моштите на Светителот, од кого помош секојдневно бараат река од верници: православни, католици, муслимани, атеисти. А чуда се случуваат…Попладне заминување за Македонија . Цената на предложениот аранжман изнесува 111 Евра по лице, во денарска противвредност во износ од 6882 Денари. Вклучено во цената: -Превоз со високотуристички автобус -Две ноќевања во хотел Holywood 4* со појадок во Сараево -Едно ноќевање во хотел Палма во Тиват со вечера и појадок -  -Туристички придружник и организација на патувањето Цената не вклучува: -влезници за културно историски знаменитости -осигурување -и сите други ненаведени услуги                                                           ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБНИ СЕ МИНИМУМ 45 ПАТНИЦИ.  ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ      Повеќе информации на 02 32 222 83 Copyright © 2013 АмбасадорМак. All rights reserved. Our mailing address is: info@ambasadormak.com.mk Ви благодариме на вниманието!
Според новите истражувања на World Travel&Tourism Council (WTTC), презентирани на 12тиот Глобален Самит во Токио, Јапонија. Истражувањето изведено од страна на Oxford Economics, покажува дека директниот придонес на секторот туризам во светскиот GDP е US$ 2 трилиони, односно 2.8 проценти, а индиректниот придонес е US$ 6.3 трилиони Во 2011, 98 милиони луѓе биле директно вработени во секторот туризам, на светско ниво. Тоа е:  • 6 пати повеќе од глобалната автомобилска индустрија, • 5 пати повеќе од глобалната хемиска индустрија, • 4 пати повеќе од глобалното рударство, • 2 пати повеќе од секторот комуникации на глобално ниво, и • за една третина повеќе од бројот на вработени во финансиско работење и банкарство.
Секој патник се грижи за добросостојбата и сигурноста за време на патувањето и престојот во странство. Една од мноштвото услуги за кои можете да се обратите во Т.А.Амбасадор Мак е ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊЕ И ПРЕСТОЈ ВО СТРАНСТВО на Осигурителна Полиса . Нашата полиса за патничко осигурување Ви ги овозможува следниве осигурителни покритија ширум светот во реномирани здравствени институции преку услугите: A. Здравствена помош • Болничко лекување од болести и незгода • Лекарска интервенција • Репатријација B. Осигурување незгода C. Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи Повеќе информации на info@ambasadormak.com.mk